Хармонија на површината, лесен мебел кој остава просторот да дише и плочки со големи димензии – ова е светото тројство за да создадете бања од соништата: пространа, креативна, гостопримлива и пред се создадена според вашите потреби! 

Хармонија на површината се постигнува со избор на бои кои ќе создадат визуелна перцепција на просторот за удобен и релаксирачки ефект во бањата. 

Изберете единечна колекција плочки за бања, или комбинација од повеќе колекции кои совршено одговараат со цел да создадете мазна, привлечна целина и беспрекорен распоред од гледна точка на стилот. 

Italex Inzenering

Изборот на плочки и мебел, со фокус на удобност, е засилен со придружните детали: осветлување (по можност со придушени решенија за прилагодување на интензитетот), додатоци кои одговараат на стилот на бањата, и правилно координирани декоративни елементи за да ја комплетираат удобноста и привлечноста во просторот. 

Доколку сте љубител на светли бои, но сакате да ја истакнете декоративната моќ на керамиката, еден од големиот избор може да е  Bloom, колекција која нуди опции за да креирате изненадувачки стил. Bloom овозможува да се донесе визуелен континуитет во бањата, благодарение на големината 80х160 см, нов додаток на светот на керамика, кој може да се користи за опции од подот до таванот (240 см) со само три плочки и со тоа се намалува бројот на фугите.

Italex Inzenering

Meбелот во бањата исто така може да биде од керамика. Со тоа се искористува предноста не само од естетски аспект туку и од аспект на одржливост. Плочките за бања можат да понудат елегантно решение за горниот мијалник и плотна, создавајќи го целиот простор потребен за козметички  додатоци и производи. Исто така може да се искористат и за украсување на туш-кабините, поточно нивната внатрешност, или пак да се постави мозаик кој ќе биде убава завршница на тој дел од бањата. 

Плочките за бања со големи димензии не се само тренд; тие се исто така идеално решение за да се добие простор и да се додаде длабочина и континуитет на површините како на подот така и на ѕидот, за да се создаде балансиран целосен изглед.

Italex Inzenering

За мали бањи, најдобро е да изберете плочки во светла боја, за да создадете визуелно поголем простор, кој може да се истакне со мал декоративен детал.

За бања од соништата во класичен стил, замислуваме светли, убави, континуирани површини, токму затоа ние ви ја претставуваме колекцијата – Fap MAXXI  која има ефект на мермер со димензии (120×278цм), кои можат да се искористат за да се донесе континуиран изглед на sидовите, нудејќи максимален дизајн на слобода за архитектонско дело и создавање на посебна нота на хармонија во просторот, благодарение на екстра-тенка дебелина од 6 мм.

Italex Inzenering

Fap MAXXI ќе им се допадне и на љубителите на минималниот стил, со Color Now колекцијата овојпат со нова димензија 120×278цм, благодарение на неговите меки матни површини, исто така се идеални за создавање на мебел во бањата.

Секоја бања заслужува да биде бања од соништата – а токму тоа ние го правиме со помош на иновативната технологија во нашата керамика!

© Copyright 2019 Italex Inzenering. Developed by Synapse