Светскиот ден на архитектурата кај нас и скоро секаде во светот секогаш е првиот понеделник во месец октомври, освен во некои земји како Парагвај, Перу, Аргентина, Венецуела, Уругвај, Чиле ….

Светскиот ден на архитектурата е  формиран  во 2005 год. од страна на Меѓународна унија на архитекти (UIA). Тоа е ден кога треба да се покаже благодарност за работата што ја прават архитектите на глобално ниво и да се слават нивните големи архитектонски дела.

Архитектурата игра суштинска улога во планирањето на иднината, одржувањето на растот на населението и решавањето на голем број социјални проблеми.

Настаните се одржуваат на различни локации секоја година, со цел соединување на архитекти, инженери и планери  за да ја покажат својата работа, да дискутираат за идните проекти, да дебатираат за тековните проблеми и да планираат нови деловни потфати.

Како позначајни архитекти кај нас ќе ги споменеме Живко Поповски  автор на ГТЦ – градски трговски центар, Борис Чипан автор на зградата на МАНУ, Михо Чакеља  автор на зградата на Ибни Пајко, Петар Муличковски  автор на зградата на владата на Македонија и на  национална универзитетска библиотека Климент Охридски, Јанко Константинов автор на зградата на македонска пошта во Скопје, Андреја Дамјанов автор на 10 – тина цркви и манастири во Македонија, а како најзначајно негово дело ќе го споменеме манастирој Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка  и многу други.

 

 

 

 

 

 

Честитки за успешната работа на сите архитекти и да им посакаме уште повеќе успеси идната година!

 

© Copyright 2019 Italex Inzenering. Developed by Synapse