ACTIVE плочките на Graniti Fiandre Clean air & Antibacterial Ceramic  за ѕид и под се најновата форма на керамика која помага да го прочистат воздухот што го дишеме, нудејќи почисти, похигиенски услови  и почиста животната средина во која живееме.

ACTIVE плочките ги намалуваат загадувачите на воздухот како што се азот оксид и сулфур оксид до 70%, ги уништуваат бактериите како Escherichia coli, Klebsiella pneumonia и Methicillin – resistant Staphylococcus aureus  ( MRSA ) до 99,99% кои се патогени бактерии и се одговорни за многу болести кај луѓето, или за споредба

100м2 Active плочки = 30 дрва

Како е тоа можно?

Благодарение на дејството на титаниум диоксид ( TiO2 )  во комбинација со вода и сончева светлина настанува процесот на фотокатализа и на тој начин се уништуваат загадувачите на воздухот и горенаведените бактерии до 99,99%

За поставени плочки на фасади и надворешно уредување доволно е само малку дожд за да започне процесот на фотокатализа каде има ефикасност од уништување на загадувачите на воздухот од дури 70%, истата активност се постигнува и во внатрешниот простор со вклучени ЛЕД сијалици па дури дејствува и во целосна темница.

Свесни сме дека живееме во средина каде има многу високо аерозагадување, затоа НИЕ со поставување на Аctive плочките во нашите домови, канцеларии, детски градинки, училишта, болници, амбуланти, спа центри, хотели, ресторани…..буквално насекаде околу нас може да допринесеме за почиста животна средина, средина каде живееме ние и каде растат нашите деца.

© Copyright 2019 Italex Inzenering. Developed by Synapse