Колекцијата ни ги претставува природните и планински убавини на Италијанската област Вал Ди Чембра во Трентино Алто Адиџе, место каде каменот од вулканско потекло е инспирација и ја збогатува нејзината структура со присуството на различни ситни кварцни кристали, испакнатини и жлебови.

Pietra Di Cembra нуди голема разновидност: благодарение на достапноста на различните големини и дебелини , овие плочки се погодни за надворешни патеки и дворови, како и за затворен простор, потврдувајќи ја обновената предност за употреба на камен во дизајнот на ентериер.

Традицијата на италијанските плоштади и јавните простори може да се оживее cо елементите  кои ја надополнуваат оваа колекција:  Coda  di Pavone, Arco и  Set.

© Copyright 2019 Italex Inzenering. Developed by Synapse