Cersaie e најголемиот меѓународен настан за последните иновативни решенија и дизајни во областа на керамичките и гранитни плочки како и најновите трендови во опрема за бањи кој се одржа во Болоња, Италија.
Саемот во Болоња се одржа од 27ми Септември до 1 Октомври 2021, задржувајќи ја заштитата и здравјето на прво место со сите правила и прописи за максимална заштита на посетителите!
На саемот производителите ги претставија своите новитети. Им овозможија на своите клиенти да уживаат во нај разновидните бои и модели, претставувајќи ги сите неограничени можности на поставување на плочките .
Од стандарното зид и под, можеше да се видат и други елементи од ентериерното уредување обложени со плочки како комоди, осветлување, маси, кујни со touch (сензорски) елементи вградени под плочките и други производи кои индиректно се поврзани со керамичкиот сектор.
Претставени на овој начин му даваат дополнителна вредност на материјалот и еден континуитет на самиот простор.
Саемот заврши во успешно издание на кои учествуваа над 600 производители, со повеќе од 62,000 посетители на кои изведувачите ја демонстрираа нивната креативност во еден настан кој повторно е референта точка за површини, архитектура и дизајн.
Меѓу 600те производители без и нашите добро познати: Refin Ceramiche, FAP ceramiche, Fiandre, Box Docce и Gardenia Orchidea.
FAP Ceramiche инспирирани од моќта на природата која се комбинира со естетиката за да се создаде нови колекциии на гранитни и ѕидни плочки. Овие идеи го поттикнаа креативниот талент зад новите колекции за 2022 како Milano Mood, Roma Gold, Fap Murals, Nativa и Roots.
Refin Ceramiche својата инспирација ја добија од вредноста на италијанската историска и уметничка традиција, претставувајќи го ексклузивниот луксуз на занаетчиството и сензационалните промени на материјалите од природата како дрво и камен .
Сето ова е претставено преку три нови колекции Affrescatti, River и Cortina.
Fiandre се посветени на создавање извонредни површини со високотехнолошки карактеристики. Керамиката ја толкува иновацијата што ги инспирира луѓето ширум светот, користејќи материјали од креативноста и технолошко индустриското знаење што ја прави компанијата меѓународен лидер вo дизајнот.
Спојот помеѓу иновативната природа на компанијата и естетското и визионерското чувство на италијанскиот моден дизајнер Guillermo Mariotto му дава живот на материјалот што ја преработува класичната елеганција со современ пресврт. Автентична површина која ја носи архитектурата во нова димензија.
Box docce креираат нов пат во потрага по нови сензации. Патот, замислен преку сетилно и емоционално контактно искуство, може да предизвика и разбуди канали на перцепција, создавајќи чудење и ангажираност.
Gardenia orchidea на саемот ја претставиа новата колекција La Marmoteca. Првото поглавје од тековната приказна за мермерниот ефект раскажан од големите гранитни плочки.
Елеганцијата на мермерот и природноста на каменот се претвораат во нови површини за подови, површини и додатоци за опремување.
Погледнете повеќе слики од саемот: