1. Која е приказната на CPD Studio? Колку време сте дел од овој тим?

Приказната на CPD Studio или Коминг Проект Дизајн започнува уште во 1995 година. Основач на проектантското биро е арх. Билјана Јорданова д.и.а која самостојно ја започнува реализацијата на својот сон.

Низ годините имало многумина кои биле дел од тимот и кои допринеле во развојот и успешноста на фирмата.
Денес тимот на CPD Studio е составен од нас три, Билјана, јас и Ива. Јас сум дел од овој тим од 2012, кога како се уште недиппломиран архитект се приклучив на оваа приказна, а две години подоцна ни се приклучи и Ива.

CPD Studio

2. CPD Studio може да се пофали со богато и разновидно портфолио на проекти. Како се бираат проектите? Што е пресудно за еден проект да биде успешен?

Како фирма со големо искуство и години исполнети со многу реалзирани проекти, CPD Studio денес може да се пофали со над 500 реализирани проекти кои еднакво имаат допринесено во успешноста на нејзиното постоење. Наша единствена цел е клиентите да се задоволни со тоа што можеме да го понудиме, а тоа се потврдува со долгогодишни соработки и стекнати пријателства во текот на работењето.

Најчесто кога станува збор за проектирање на ентериери, нашата цел е да создадеме простор во кој нашите клиенти ќе можат комплетно да уживаат и непречено да функционираат. Кога функционалноста се преточува во добар дизајн, се добива простор во кој секој може да ги ужива своите навики.

3. Во вашата практика е да употребувате софистицирании високо-квалитетни материјали. Понудата на пазарот е голема, како се одлучувате кои материјали ќе ги употребите?

Денес понудата е навистина голема, кога станува збор за материјали кои не се потребни при реализација на нашите идеи за еден простор.
Изборот најчето е поврзан со квалитетот и добрата соработка со нашите соработници.
Соработуваме со проверени компании, кои имаат долго искуство и проверен и докажан квалитет на производите кои ги нудат. Само така може да ја оправдаме довербата на нашите клиенти, која е од заеднички интерес и на нас како архитекти и нашите соработници.

CPD Studio

4. Еден од најновите проекти е т.н Урбана Оаза – стан каде навистина има успешна комбинација на естетика и функционалност. Што ви беше инспирација за овој ентериер? Како избирате кои материјали би ја доловиле вашата визија?

Индивидуалниот станбен објект кој го нарековме „мала урбана оаза“ е проект комплетно реализиран во 2019 година. Сместен во централното градско подрачје во зграда која е изградена уште пред земјотресот, беше интересен предизвик за нас, да создадеме урбано, елегантно и едноставно решение. Нашите клиенти со својата спонтаност и еднотавност, некако допринесоа за инспирацијата која ја имавме за овој ентериер, а нивната целосна доверба допринесе да истата комплетно се реализира. Поставеноста на станот во центарот на градскиот метеж, а сепак затскриен од дрворедите кои се простираат од двете страни на зградата, некако природно ни ги постави барањата да дрвото како облога биде примарен потег во дизајнот.

Секако дизајнот не е комплетен доколку монотоноста надвладува во просторот, па затоа секогаш сме расположени за комбинација на повеќе материјали, бои и стилови. Па така и во овој ентериер успеавме компактно да ги искомбинираме и инкорпорираме различните материјали и текстури.

5. Колекцијата Frame со која е уреден проектот Урбана Оаза. Таа е од екклузивниот бренд Refin Ceramiche, достапна во Италекс Инженеринг. Како оваа колекција се вклопи во вашиот проект?

Кога се започнува со процесот на проектирање на еден ентериер и осмислување на целината во просторот, од наша голема помош е познавањето на материјалите кои ни се достапни и новитетеите кои ги имаат нашите соработници. Италекс Инженеринг навистина се посветени во постојано информирање и запознавање со новитети кои ги имаат и кои ги нудат на нашиот пазар.

Конкретно во овој ентериер колекцијата Frame, некако спонтано се наметна со својата едноставна но, разиграна текстура и избор на бои, кои во целост ни се вклопија во идејата. Облогата од дрво, која се појавува на подот и на одредени делови од ѕидот, некако имаше потреба да се дополни со инкорпорација на други материјали и текстури. Па така комбинацијата на керамичките плочки и паркетот како подна облога во станот си доби свој уникатен изглед.

CPD Studio

6. Според вашето богато искуство, многу трендови доаѓаат и кај нас. Што мислите дека ќе биде актуелно во следниов период?

Нас како архитекти од голем интерес е трендовите кои се прифатени низ светот, во однос на материјалите, боите и текстурите бидат што подостапни на нашиот пазар, за да може непречено да ги реализираме нашите идеи и доследно да одоговориме на барањата од страна на нашите клиенти. Очекуваме и веруваме дека нашите соработници ќе ни ги овозможат најновите трендови во областа на керамиката, за да може и ние да ги исполниме нашите идеи, за уште подобри ентериери и реализирани проекти.

 

За потребите на проектот предвидено е да се користи серијата Frame decor од фабриката Refin Ceramiche.

© Copyright 2019 Italex Inzenering. Developed by Synapse