Создавање на уникатен простор во домот е вистински предизвик. Особено кога станува збор за бањата, која треба да биде вистински рај за релаксација и опуштање. Токму затоа вистинскиот избор на керамика e oд клучно значењe за да се создаде амбиент пријатен за уживање и релаксација во една бања. Ви го претставуваме интервјуто со архитектката и сопственичка на Spin Studio – Марта Мојсова која ќе ни открие како се постигнува вистинска хармонија во една бања.
1.Твојата приказна е една од најинтересните и невобичаените на пазарот, нуди различни услуги за секој потрошувач да може да го пронајде тоа што му е потребно. Што можеш да ни кажеш за твоето Spin Studio, како се роди идејата за него?
М: Брендот Спин се роди како спој на големата љубов кон дизајнот, како и желбата за подигање на еколошката свесност на луѓето. Спин покрај проектирање на мебел и ентериер, се занимава и со репарирање на стар мебел, со што се враќа вредноста на парчето мебел а воедно и се намалува отпадот.
2. Kако долгогодишен архитект, твоето портфолио на проекти е навистина импресивно. На кој начин ги избираш проектите? Кои се главните одлучувачки фактори за тебе за започнување на еден нов проект?
M: Проектот за уредување на еден ентериер зависи од потребите на клиентот, од амбиентот кој сака да го долови, како и од самиот простор. Наша цел е покрај естетскиот дел на дизајнирањето, да понудиме и најфункционално решение за ентериерот.
3. При уредување на твоите проекти, користиш софистицирани материјали кои навистина ја истакнуваат уникатноста на просторот, изборот на пазарот е голем, токму затоа вистинската одлука е прав предизвик. Кои работи треба да се земат во предвид при изборот на керамика?
М: Изборот на материјали е секогаш клучен дел во изведбата на ентериерот. Материјалите зависат од просторот кој се уредува, дали станува збор за станбен дел или пак ентериер со поголема фрекфентност како канцеларии, кафе бар, ресторант и сл. Секогаш гледаме да употребиме ќерамика со најголем квалитет, со голем избор на тектстури и бои. Наш долгогодишен соработник во овој дел е Италекс Инжинеринг, компанија со докажан квалитет и фирма која секогаш е во чекор со светските трендови.
4. Бањата претставува вистинското место за одмор и релаксација во еден дом, кои беа главните инспирации за оваа бања, и што беше пресудно при изборот на материјали?
М: Бањата е едно од најинтимите места во ентериерот, каде клиентот треба да има амбиент на комплетна релаксација и опуштеност. Некогаш и самиот дезен на плочката го инспирира дизајнот на дел од ентериерот. Плочките од Италекс со нивната реална текстура, боја и големина раскажуваат своја приказна и доколку го пронајдат вистинскиот ентериер можат да создадат уникатно дело.
5. Италекс Инженеринг како ваш соработник нуди голем избор на врвна италијанска керамика и санитарија. Една од многуте колекции кои ги нуди е и Precious Stones од брендот Graniti Fiandre, која креира дополнителен шарм во оваа бања. Што го привлече вашето внимание кај оваа колекција?
M: Precious Stones – Graniti Fiandre Oаа колекција е инспирирана од мермерни и тврди камења, а со бесконечните шеми на бои кои ги нуди оваа колекција, овие плочки се вистински одраз на природата. Тоа во целост се вклопи со мојата замисла за ентериерот на бањата, да се донесе парче природа во бањата на луксузен и уникатен начин. Колекцијата е креирана врз основа на традицијата на каменоломи од мермер.
6. Според вашето искуство, кои трендови сметате дека ќе доминираат во иднина кога станува збор за уредување на еден современ ентериер?
M: Во ентериерното уредување трендовите постојано се менуваат а ние како дизајнери, треба да сме во чекор со промените. Италекс Инженеринг како мој долгогодишен соработник секогаш ги следи новите трендови. Засега посебен акцент се дава на индустрискиот стил на уредување како и на минимализмот, стилови кои ми се посебно интересни.