Во споредба со минатото, кога керамиката се користела исклучиво за купатило и кујна, денес целата соба може да биде вкусно опремена со различни видови плочки и да им даде живот на просториите и целокупната атмосфера во домот.
Кога бирате плочки за вашиот дом најпрво треба да знаете:
- Каков изглед сакате да има вашиот дом?
- Кои бои ќе доминираат?
- Каков мебел ќе изберете?
Кога ќе го знаете одговорот на овие прашања веќе знаете какви плочки да одберете
- дали ќе бидат плочки со ефект на дрво,мермер,бетон,камен…
- во која боја односно нијанса да бидат и
- за која просторија се наменети – дали ќе бидат за кујна,бања,дневна или пак за надвор – двор,балкон,скали…
Со денешното темпо на живеење,се наметнува и најнеопходното прашање
дали плочките се лесни за одржување???
Денешните домаќинки,мајки и сопруги,посебно оние со мали деца и оние кои чуваат домашни миленичиња,а секогаш се во недостиг на време,многу битно при изборот на плочките за домот е токму тоа прашање.
И најбитно од сите прашања Дали Ви се допаѓаат плочките?
Ако Ви се допаѓаат тогаш тоа е тоа,дефинитивно тие се вистинските плочки за Вас!