Колкав процент од дополнителна квадратура на плочки обично е потребно да се нарачаат?
Пред да нарачате плочки, неопходно е да се знае колкава површина ќе се поплочува.
Исто така треба да се знае дека дури и плочки со врвен квалитет од прва класа можат да содржат некои отстапувања ( стандардите дозволуваат 0,5% ), се мисли на фабричка грешка, оштетување при транспорт итн.
Некои плочки мора да се сечат, кај некои треба да се направат отвори за инсталации, па затоа и ова треба да се земе во предвид кога се нарачува дополнителна квадратура на плочки.
Искуството покажало дека по неколку години тешко може да се најде истата плочка, затоа одреден процент ни е потребен да се чува како резерва, за во иднина, за било каква корекција. И кога нарачуваме да го имаме и ова во предвид. Исто така е многу важно да имаме и примерок од плочките кој во случај на поплаки би можеле да го покажеме.
Сè на сè, треба да се нарача од 5 до 10% дополнително од квадратурата на плочки која ќе ни биде потребна во моментот и тоа да биде резерва токму за овие работи што ги наброивме погоре.
СОВЕТ – Набавете од 5-10% повеќе од потребната квадратура на плочки, нема да погрешите.