На архитектите од големо значење би им било да имаат ефикасни помошни алатки кои ќе им ја олеснат работата на терен. Многубројни апликации може да бидат од големо значење за својата работа да ја завршат побрзо, а воедно и попрецизно. Дали користите Андроид или iOS следниве  апликации за мобилни телефони може да заштедат многу време.

Затоа Arch2o  има направено список на 9 најдобри мобилни апликации за архитектите за 2019 година.

  1. MagicPlan (iOS/Android)

Апликацијата може да помогне да се премери собата, доколку архитектот нема метро благодарение на камерата на телефонот, може да направите планови за подот исто така со камерата на вашиот телефон ,да ја скенирате собата до 30 секунди и да направите комплетен план за неколку минути. и најдобро од се е што оваа апликација е бесплатна.

  1. iRhino 3D (iOS)

Нема ништо слично на прикажување на вашите дизајни и идеи во 3-D, зумирање и ротирање со допир или влечење на вашиот прст. Уредниот навигатор ви овозможува да се движите низ сликички, за да можете брзо да скокнете до кој било модел што го сакате. Најдобро од се е што моделите може да се вчитуваат и со други ресурси, како веб сајтовите, Google Drive, Dropbox, како и од маил.

  1. Construction Master Pro (iOS/Android/Windows)

Оваа апликација ќе им помогне на архитектите во сите калкулации, вклучувајќи пресметување на површина, волумен, а тука се и другите многу напредни можности.

  1. Morpholio Trace (iOS)

Morpholio Trace е софтвер за соништа на дизајнери и архитекти. Jа комбинира убавината и брзината на скицирање со интелигенција и прецизност. Кога на архитектот би му затребало хартија, а ја нема при рака тука е оваа апликација.

  1. Harvest (iOS/Android)

Како и кај секоја друга работа, така и за архитектите управувањето со времето и планирањето на буџетот е од големо значење. Оваа апликација е добра за тие потреби.

  1. Planimeter (iOS/Android)

Може во било кое време и на било кое место да се користи оваа апликација и да се измери површината на теренот. Освен тоа, благодарение на ГПС може да се одредат координатите на предметната локација, што може да биде од големо значење за пејсажните архитекти, урбанистите и градежните инженери.

 

  1. Sun Seeker (iOS/Android)

Архитектите повеќе не треба да се мачат со ориентацијата во просторот и оредување на движењето на Сонцето во однос на набљудуваниот објект. Апликацијата помага на најдобар начин да се организираат просториите во однос на Сонцето. Апликацијата користи интерактивни 3Д приказ кој покажува колку сончева светлина влегува во секој дел од објектот.       

  1. AutoCAD 360 i Autodesk FormIt 360 (iOS/Android)

Повеќе ќе нема потреба да се носат испечатени цртежи на терен. Оваа апликација овозможува пристап до вашите AutoCAD и Revit датотеки каде и да се наоѓате. Со помош на апликацијата може да се означи датотеката на која архитектот работи во тој момент со клиентот и така ќе се има увид во измените кои се случуваат.

  1. Penultimate (iOS)

Оваа апликација е  многу едноставна но може да биде и најмногу користена. Во најголема мера може да се користи како бележник и место за скицирање.

© Copyright 2019 Italex Inzenering. Developed by Synapse