Постојат четири основни и естетски критериуми кои треба да се земат во предвид при избор на плочки за одреден простор:
- Големина и облик на плочките
- Боја на плочките
- Обработка на површината на плочките и
- Декорација на плочките
1.Големина и облик на плочките – големината на плочките е клучен фактор за одредување на изгледот на просторот. Ако плочките се со помала димензија тогаш фугата ја истакнува големината на плочките и обратно доколку се одбере поголема димензија на плочки го истакнуваат просторот така што и дизајнот на плочките може да дојде до поголем израз.
Исто така е битна и бојата на фугата што ќе се одбере која исто така може да се нагласи со контрасна боја од плочката или да се одбере фуга која ќе се претопи во целиот простор.
Плочките може да бидат достапни во различни големини – од мали мозаични до плочки со големи димензии 150х300 см, па се до 160х320 см зависно од производителот.
Квадратни или правоаголни форми на плочки се најчест избор при купување за различни простории и намени, а може да бидат и во форма на шестоаголници, триаголници, мозаични…
2.Боја на плочките – употребата на современа технологија на производство, заедно со најновите hi-tech системи за дигитално печатење, ни овозможува плочките да се произведуваат во практично неограничен опсег на нијанси. Исто така може да се добијат текстури инспирирани од материјали од природата како што се камен, мермер, метал, дрво и од вештачки материјали како што се бетон, смола и ткаенина.
3.Обработка на површината на плочките – дополнителен ефект може да се постигне благодарение на различната обработка на површината кај плочките. Постојат сјајни, мат, структурирани, метализирани, релјефни и тродимензионални ефекти кај плочките. При изборот на обработката битно е да се земе во предвид намената на просторијата. Така на пример во бања на под треба да се одбере плочка мат без структура за лесно чистење или за во двор, базен или тераса плочката треба да биде мат структурирана.
4.Декорација на плочките – благодарение на напредокот во дигиталната технологијата на плочките може да се претстави било кој дизајн и фотографија , на тој начин добиваме можност за голем избор на украси и декорации кај плочките.
Значи за еден ентериер, куќа , деловен простор за да биде успешно реализиран треба да се запазат сите критериуми што ги наведовме, меѓутоа плочките сами по себе не се целосни доколку не се претопат во крајното уредување заедно со мебелот, осветлувањето и сите естетски детали кои се одраз на крајниот корисник.