Регенерирачката моќ на водата влегува во секојдневниот живот, создавајќи дијалог помеѓу природниот универзум и внатрешната димензија.
Колекцијата River е инспирирана од ерозивното дејство на водата: таму каде што се појавува каменот, ефектот останува текстуриран и структуриран; каде што е потопен, се измазнува и омекнува во контрасти, добивајќи понежен и елегантен изглед.
Површините се со типични карактеристики на различни материјали, од камен до мермер, чија оригиналност доаѓа од набљудување на избрани и синтетизирани природни феномени, за да се преточат во графички знаци кои даваат длабочина и динамика на текстурата.
Палетата на бои содржи 5 бои: Бела, сива, графитна, беж и природна кои се достапни во мат, сјај и рапава обработка и има повеќе големини и тоа: 120×120, 60×120, 80×80, 40×80 и 90×90 OUT2.0 (дебела 2 cm за надворешна употреба).
Колекцијата претставува просечно засенчување на боите, со значајни графички и хроматски премини помеѓу едната плочка и другата, а сепак се одржува целокупната рамнотежа на поставената површина.
River е надолполнета и со декоративни елементи како 3D Muretto 28,2х58,6цм во кое комбинација на сјајни и испакнати наизменично со мат и вдлабнати плочки, ја нагласува перцепцијата на динамика и материјалност, потсетувајќи се на создадените контрасти со дејство на природата.
Chevron 26×32,5 цм е уште еден декоративен елемент за ѕид и под кој ја прави оваа колекција уште по елегантна и по необична.