Оваа година се одржа третото издание на Share Arhitects, под слоганот Share Skopje 2020. Еден од главните партнери на настанот беше Graniti Fiandre Architectural Surfaces, а со тоа и Италекс Инженеринг како ексклузивен застапник за Македонија земаа учество на овој настан. На овој реномиран настан беа презентирани иновативните колекции на брендот Graniti Fiandre Architectural Surfaces.
Дознајте повеќе за Share Skopje 2020, што се одвиваше на настанот и запознајте се со еден од врвните италијански брендови – Graniti Fiandre Architectural Surfaces.
- Што претставува Share Skopje 2020, зошто се организира?
– Со своето 20 годишно искуство во организирање настани од областа на архитектурата и градежништвото Share Architects како една заедница има за цел да собере на едно место познати и млади надежни архитекти од Централна и Источна Европа, каде можат да споделат идеи, инспирации и искуства.
- Како Италекс Инженеринг беше дел од овој настан?
На третото издание на Share Skopje 2020, како главен партнер на настанот беше нашиот бренд – Graniti Fiandre Architectural Surfaces, а со тоа и ние како нивен ексклузивен застапник за Македонија, земавме учество на овој реномиран настан за архитекти.
- Кои се Graniti Fiandre? Со кои колекции се претставија на настанот?
Graniti Fiandre Architectural Surfaces е лидер во производство на гранитни плочки со 100% италијанско потекло. Тие се наменети за ѕидни и подни површини за секоја просторија, од приватни до јавни објекти како болници, училишта, ресторани, хотели, аеродроми па се до изработка на фасади и подигнати подови.
Graniti Fiandre Architectural Surfaces покрај високиот квалитет на плочките, исто така се издвојуваат со нивниот уникатен дизајн. Една од нивните најпознати иновативни колекции: Maximum , со димензија на плочка 300 х 150 цм кај нас станаа достапни од пред 3-4 години и сега се многу популарни.
Но, Fiandre тука не застанува и е една од ретките компании во оваа дејност која што тежнее кон подобрување на светот околу нас и размислува за иднината на нашите деца.
Ја истакнуваат својата иновативност со производство на новата генерација плочки еко одржливи и антибактериски Active Clean Air & Antibacterial Ceramic.[3] Со овие плочки и се претставија Graniti Fiandre и го презентираа процесот преку кој овие плочки го прочистувааат воздухот и уништуваат до 99,99% од бактериите.
Покрај презентацијата за Active плочките , присутните имаа можност на штандот на Италекс и Fiandre во живо да видат дел од новитетите на Maximum колекцијата како што се Amazonite, White Beauty, Agata Black, Rock Salt Brown како и многу други колекции од програмата на Fiandre.
4.Спомнавте дека имаат иновативни и еколошки плочки – Active, што можете да ни кажете повеќе за нив? Што е тоа што ги издвојува од другите?
Аctive 2.0 плочките се едни од најголеми револуционерни достигнувања, особено кога аерозагадувањето преставува реален предизвик во општеството. Нивната уникатност лежи во современата технологија која ги активира четирите својства на Active 2.0 плочките преку процесот на фотокатализа:
- Антибактериско
- Против aeрозагадување
- Самочистечки
- Против непријатни миризби
Овие четири својства со помош на среброто како нова компонента која се додава на титаниум диоксид во ACTIVE 2.0 го зголемува дејството на овие 4 својства.
Присуството на сребро во ACTIVE 2.0 исто така овозможува
– Антибактериското својство да работи и во темница
– Прочистувањето на загадувањето да има ефикасност и на ЛЕД сијалици.
Со тоа овие плочки не само што имаат декоративен карактер, туку во нивниот главен фокус е чистота и здравјето на самите корисници.
- Што можеше да се дознае на настанот? Кои беа говорниците?
Овој настан е од меѓународен карактер и како таков имаше доста архитекти од странство како Богдан Заха од Заха Хадид Архитектс, Јан Уттцон од Утцон архитекти, Георги Катов од И/О архитектс , Маден Груп од Косово , Жуан Роиг Дуран и многу други.
Интересно беше да се видат различните пристапи како овие големи имиња од полето на архитектурата работат според одредени анализи и дигитални податоци, користење на термални камери и алгоритми, какви материјали се користени, од каде ги црпат идеите за проектите и т.н.
Од македонската сцена исто така се претставија поголем број архитекти со своите идни, сегашни и изведени проекти, би издвоила некои од нив и воедно да им честитам за претставените проекти , дел од нив се КЛ Студио, Тетрактис, Радо Инженеринг, Aртинг, Формика, студио ХМА, Коннтра и др.
- Како си поминавте и какво беше ова искуство за Италекс?
Икуството беше многу конструктивно, бевме присутни како еден од главните спонзори на Share Skopje 2020, преку нашиот партнер Graniti Fiandre. Дознавме нови идеи и многу интересни проекти и презентации од гостите.
Организацијата на целиот настан беше на многу професионално ниво и програмата беше многу интересна, не само за архитектите туку и за сите присутни на настанот. Можеме со сигурност да кажеме дека нашите архитекти ги следат и практикуваат светските трендови во нивните проекти и дека полека но, сигурно се движиме напред.